Денеска во 14 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, нашата У-21 репрезентација ја дочекува силната Шведска. Ова ќе биде меч од исклучително значење за нас. Имено со евентуална победа избраниците на селекторот Драган Канатларовски не само што мартовскиот циклус ќе го завршат со максимални шест победа, совладан беше и Гибралтар, туку ќе се најдат на третото место на табелата во нашата група – Ц во квалификациите за ЕУРО 2025.
Да, Шведска е фаворит, но Македонија знае како се победува овој состав, и тоа на гости кога овие квалификации ги стартувавме со триумф.
Селекторот Канатларовски во пресрет на денешниот меч истакна:
“Голем хендикеп за нас ќе биде фактот дека од мечот со Гибралтар, не можеме да сметаме на Тодоровски и Калкан поради повреди и на Максимов кој има картони. Повеќе од јасно е дека играме со една силна Шведска, која секако дека ќе посакува одмазда за поразот од Македонија на свој терен. Сепак ние сме подготвени и секако и ние се прашуваме за резултатот на овој меч. Морамеда бидеме максимално фокусирани во текот на целиот меч ако сакаме успех“ посочи Канатларовски.
ДЕНЕСКА, 14 Ч
МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА
ГИБРАЛТАР – ГРУЗИЈА
ГРУПА – Ц
ТАБЕЛА
1.Холандија 21
2.Грузија 10
3.Шведска 7
4.Молдавија 6
5.Македонија 6
6.Гибралтар 3