ЦЕВ ги одреди судиите за мечевите на Македонија во Златната лига

120

Европската одбојкарска конфедерација ги одреди судиите кои ќе и судат на нашата одбојкарска репрезентација во престојното издание на ЦЕВ Златната лига. На првиот турнир кој ќе се одржи во Струмица од 17 до 19 мај, Македонија ја очекуваат два меча со силните селекции на Естонија и Чешка.

На првата пресметка со Естонците на 17 мај прв судија ќе биде Добромир Добрев од Бугарија, додека асистен ќе му биде Александар петровиќ од Србија.

Дуелот кој на 19 мај ќе го доиграме со Чешка ќе го суди Александар Петровиќ од Србија, додека во улога на втор судија ќе биде најшиот интернационалец Влатко Ристовски.

На 18 мај ќе се сретнат Чешка и Естонија, а на овој меч главен судија ќе биде нашиот интернационалец Влатко Ристовски.

ПретходноАчерби ослободен од обвиненијата за расизам
СледноДеклан Рајс вечерва за првпат со капитенската лента кај „Гордиот Албион“