Репрезентацијата на Полска е последниот патник на ЕП. Вечерва во Кардиф, во последниот натпревар од плеј-офот, во финалето на „Лига А“ делот, Полска по изведување пенали беше подобра од домаќинот Велс со 5:4, откако немаше голови ни во регуларниот тек на натпреварот, ниту во продолженијата.
Велшаните успеаја да се одбранат во дополнителните минути и да дојдат до пенали, а таму пресуди поседната серија
Пјонтек погоди за Полска, додека Шчесни го одбрани шутот на Џејмс и ја однесе Полска на ЕП во Германија, каде ќе биде во група со Франција, Австрија и Холандија.