Ачерби ослободен од обвиненијата за расизам

52

Франческо Ачерби не е виновен по обвинувањата на расистички навреди кон фудбалерот на Наполи, Жоан Жесус, одлучи спортскиот суд во Италија.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека спортскиот судија Херардо Мастрандреа го прогласил дефанзивецот на Интер невин. Фудбалерот беше ослободен поради недостиг на докази, затоа што против него немаше ништо освен сведочењето на Бразилецот.

Ачерби нема да биде дисквалификуван и ќе може да игра на 1 април во составот на Интер против Емполи.

ПретходноСари по заминувањето од Лацио имал понуда од Премиер лигата но ја одбил
СледноЦЕВ ги одреди судиите за мечевите на Македонија во Златната лига