Барселона има намера ова лето да се ослободи од неколку играчи и од нивна продажба да заработи сума од 200 милиони евра.
Според извор од клубот, Барселона ја разгледува понудата од Ал-Хилал за да го продаде Рафиња. Саудискиот клуб е подготвен да плати 100 милиони евра за трансферот на бразилскиот фудбалер, но можно е Барселона да бара 120 милиони.
Покрај тоа, на списокот на играчи со кои Барселона има намера да се раздели се и дефанзивците Жил Кунде и Андреас Кристенсен, како и играчот од средниот ред Ансу Фати, кој игра како позајмен за англиски Брајтон.
Дополнително, Барса смета и на трансфер на својот поранешен играч, а сега дефанзивец на Ница, Жан-Клер Тодибо, бидејќи во неговиот случај Каталонците ќе добијат 25% од трансферната цена која е биде платена за него.