Фудбалската репрезентација на Грузија е прва од селекциите кои низ баражите обезбедуваат пласман на ЕП ова лето во Германија. Грузијците вечерва по подобро изведување на пенали ја совладаа грција со 4:2, откако во регуларниот дел од мечот и по продолженијата од 2х15 минути не видовме гол.
Ако во регуларниот дел од мечот скоро и да не видовме некоја здрела шанса за гол, во дополнителното време Грците погодија пречка и имаа уште една 100% шанса, но и Грузијците возвратија со две пропуштени шанси за гол.
Одлуката на крајот мораше да падне од белата точка. Преполниот стадион во Тбилиси каде Македонија славеше пред три и пол години, сега беше таличен за домашните. Грците промашија два пенали, додека домашните само еден и на крајот со погодокот на Квеквескири успеаја да го исполнат сонот и за првпат да играат на завршницата на континенталното првенство.