Лаутаро: Сакам да играм на Олимпијадата, но не знам дали Интер ќе ме пушти

129

Ѕвездата на милански Интер, Лаутаро Мартинез изјави дека би сакал да игра за репрезентацијата на Аргентина на Летните олимписки игри во Париз.

„Секако дека сакам да играм на Олимпијадата. Ако ме повика Маскерано ќе бидам подготвен. Секогаш сум подготвен да и помогнам на Аргентина. Репрезентативниот дрес е сон на секое дете. Но, тоа не зависи од мене, Интер треба да ме пушти за да играм во Париз“, изјави напаѓачот на „нероаѕурите“.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.

ПретходноБарселона сака 200 милиони евра од продажба на четворица свои фудбалери
СледноУкраина со голем пресврт против Исланд до ново учество на ЕП (ВИДЕО)