Клуб чии навивачи во Англија добија најмногу забрани за присуство на фудбалски натпревари, поради различни прекршоци минатата сезона, е Манчестер Јунајтед . Според официјалната статистика, 69 навивачи на „црвените ѓаволи“ се казнети за неспортско однесување во сезоната 2022/23.
На второ место се озлогласените хулигани на Милвол, кои можат да се „пофалат“ со 66 забрани. Следат навивачите на Лестер, Бирмингем и Вест Хем.
Вкупно за сезоната 22/23 имаше 682 изречени забрани за присуство на стадионите, што е за 32% повеќе од претходната сезона.
Во однос на апсењата за време на самите фудбалски натпревари, Вест Хем е на прво место со 89 уапсени приврзаници. Овде, навивачите на Манчестер Јунајтед се на втората позиција со 83 апсења минатата сезона. Следуваат навивачи на Лидс Ј., Манчестер Сити, Тотенхем и Арсенал.