Италијанскиот тренер Маурицио Сари одбил понуда од Нотингем Форест. По заминувањето од Лацио, Сари добил понуда од „шумарите“ за да ја преземе оваа екипа и тригодишен договор но тој ја одбил, пренесува „Спорт Италија“.
Сари не бил заинтересиран, бидејќи сака да направи пауза од неколку месеци пред да одлучи за иднината.
Желба на искусниот стручњак е да одмори, па потоа летово да најде нов клуб. Според италијанските медиуми, големи се шансите тоа да биде Фиорентина откако актуелниот стратег Италијано веќе најави дека летово ќе си замине од „Артемио Франки“.
Сари претходно работеше во Премиер лигата и тоа како тренер на Челзи.