Скандал во Белгија – казни за играчи и тренери поради задржување на време

509

Белгиската фудбалска федерација предложи казни за тренерите и некои фудбалери од мечот меѓу Вестерло и Гент поради симулација во последните минути од натпреварот одигран на 17 март. Тоа беше двобој од последното коло на редовната сезона во најсилната белгиска лига. Мечот заврши 1:1 што им одговараше на двата тима.
Веројатно по таа причина, во продолжението од шест минути играчите на двата тима не играа туку си ја подаваа топката чекајќи времето да измине. Со ова реми Вестерло се спаси од одење во плеј-офот за испаѓање, а Генк продолжи во првата шесторка.

Раководството на Вестерло веднаш го смени тренерот Рик Де Мил, додека колегите од Генк засега не се одлучиле за такво нешто. Одделот за истражување на криминал во белгискиот фудбал предложи двајцата тренери (Де Мил и Ваутер Франкен) да бидат казнети по два меча и еден условно, како и парично со по 2500 евра.

Одделно играчите Никола Мадсен (Вестерло) и Јорис Кајембе (Генк) кои си ја подаваа топката еден на друг исто така да бидат казнети со по два меча и парично со по 2000 евра. Двата клуба веќе беа санкционирани со по 10 000 евра.

ПретходноНено шести пат сезонава во тимот на колото на ВТБ лигата
СледноСари по заминувањето од Лацио имал понуда од Премиер лигата но ја одбил