Скандал во Словенија: Навивач се обидел да го нападне Роналдо (ВИДЕО)

611

Португалската фудбалска репрезентација вечерва во Љубљана игра пријателски натпревар против Словенија, а пред дуелот се случи инцидент пред хотелот „Гранд Плаза“, каде што се сместени Кристијано Роналдо и неговите репрезентативни колеги.

Имено, многу луѓе нетрпеливо го чекаа неколку часа да пристигне со селекцијата на Португалија, а откако фудбалерите се појавиле околу 19 часот и се качиле во автобусот кој ги водел до Стожице, се случил инцидент кој за среќа немал поголеми последици.

Еден од навивачите сакал да го удри Роналдо во лобито на хотелот, но обезбедувањето реагирало навреме и спречило физички контакт. Исто така, многу фанови во лобито на хотелот сакале да се фотографираат со Роналдо, но не успеале.

 

ПретходноХаос во Норвешка: Со палестински знамиња се судрија со полицијата (ВИДЕО)
СледноНов проблем за Гвардиола пред дуелите со Реал: По Вокер, се повреди и Стоунс (ВИДЕО)