Украина со голем пресврт против Исланд до ново учество на ЕП (ВИДЕО)

308

Фудбалската репрезентација на Украина со пресврт и победа од 2:1 над селекцијата на Исланд обезбеди пласман на Европското првенство во Германија ова лето. На еден од двата финални бараж дуели кои се играа вечерва, на стадионот во Вроцлав во Полска, Украинците славеа со головите на Циганков и Мудрик во вториот дел, откако Исланд прв успеа да дојде во водство уште во 30. минута со погодокот на Гудмонсон.

За Украинците ова ќе биде четврто последователно учество на завршниците на континенталните првенства. На последното ЕП беа во група со Македонија, а на крајот обезбедија пласман во четвртфиналето, каде беа запрени од Англија.

ПретходноЛаутаро: Сакам да играм на Олимпијадата, но не знам дали Интер ќе ме пушти
СледноПријателски: Словенците го „преслушаа“ Роналдо, Белингем ги спаси Англичаните, Германија повторно победи (ВИДЕО)