На околу два часа од почетокот на мечот со Шведска, во рамките на групата -Ц за квалификациите за ЕУРО 2025, познат е стартниот состав на нашата У-21 репрезентација кој го одреди селекторот Драган Канатларовски.
Тоа се:
Алчевски, Димитриевски, Стојчевски, Фетаи, Деспотовски, Рамадани, Николов, Рамани, Златков, Станковски и Илиевски.
Ова значи дека во тимот се враќа капитенот Илиевски кој не настапи со Гибралтар и тоа на местото на Абази кој го даде победничкиот гол на тој меч пред неколку дена.
Познато е дека Канатларовски за оваа денешна средба со Шведска нема да може да смета на Максимов поради картони и на Тодоровски и Калкан поради повреди.