Хаос во Норвешка: Со палестински знамиња се судрија со полицијата (ВИДЕО)

200

Фудбалската репрезентација на Норвешка за играчи до 19 години го победи Израел со 2:0 во квалификациите за ЕП, но мечот остана во сенка на хаосот кој се случи надвор од стадионот.

Поради она што се случува на Блискиот Исток, натпреварот се одигра без публика во градот Шијен, оддалечен 120 километри од Осло, но и покрај тоа истиот не помина без инциденти.

Организацијата „Срце за Палестина“ организираше демонстрации кои во еден момент ескалираа. Пред стадионот пропалестинските демонстранти се обидоа да ја пробијат оградата и да упаднат на трибините внесувајќи палестински знамиња.

Тие се судрија со локалната полиција, па дури и фрлаа петарди и камења кон безбедносните сили, јавуваат норвешките медиуми. Полицијата мораше да употреби бибер спрејови за да ги растера демонстрантите.

ПретходноГрузија испиша историја: Победа над Грција на пенали за прво учество на ЕП
СледноСкандал во Словенија: Навивач се обидел да го нападне Роналдо (ВИДЕО)