Деклан Рајс вечерва за првпат со капитенската лента кај „Гордиот Албион“

101

Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс денеска за првпат во својата кариера ќе ја понесе капитенската лента во репрезентацијата на Англија.

Рајс денеска на пријателскиот натпревар со Белгија ќе има јубилеј, 50. меча во дресот на „Гордиот Албион“.

„Деклан ќе биде капитен. Ова е негов 50-ти натпревар за репрезентацијата. Тој веќе има стекнато добро искуство и во овој аспект. Би било лесно да се направи чекор назад, бидејќи тука имаме некои постари играчи, но некои од нашите помлади играчи веќе го покажаа своето лидерство и имаат право малку да командуваат со некои од постарите играчи и да го водат тимот. Тој ги има тие квалитети и почит од сите“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

ПретходноЦЕВ ги одреди судиите за мечевите на Македонија во Златната лига
СледноФилип Лам: Франција ја гледам како освојувач на претстојното ЕП