Нов проблем за Гвардиола пред дуелите со Реал: По Вокер, се повреди и Стоунс (ВИДЕО)

248

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс по само неколку минути поминати на терен на пријателскиот меч со Белгија, мораше да ја напушти играта поради повреда на коленото.

Средниот бек на Сити сам го повреди коленото и веднаш побара промена. На негово место влезе Џо Гомез од Ливерпул.

Стоунс, кој сам го напушти теренот, е вториот играч на Манчестер Сити кој се повреди на оваа репрезентативна пауза, откако претходно и Кајл Вокер мораше да го напушти дуелот против Бразил поради проблем со мускулот.

Со оглед на тоа што Сити го очекува двомеч со Реал (М) во Лигата на шампионите, овие повреди можат да бидат голем проблем за Пеп Гвардиола.

ПретходноСкандал во Словенија: Навивач се обидел да го нападне Роналдо (ВИДЕО)
СледноБарселона сака 200 милиони евра од продажба на четворица свои фудбалери