Поранешниот шпански репрезентативец Жерар Пике во подкаст зборуваше за неговиот однос со Лионел Меси. Пике призна дека не му честитал на Меси за освојувањето на Светското првенство пред година и пол, иако долго време играа заедно во Барселона и освоија три ЛШ.
„Па… всушност, воопшто не му честитав на Меси. Звучи лудо, но тоа е вистина. Не го следев навистина Светското првенство. Го гледав само финалето, па дури ни целиот натпревар. Откако се пензионирав, морав да се оддалечам од спортот. Направив пауза од спортот бидејќи последните неколку месеци во мојата кариера беа навистина тешки“, изјави Пике.
Тој потенцира дека Меси е најдобриот играч на сите времиња.
„Се разбира, мислам дека Меси е најдобриот играч на сите времиња во однос на талентот. Кристијано работеше напорно за да се бори со него за првото место, но кога ќе ги погледнете нивните кариери, јас го избирам Меси, се разбира. Тој исто така го покажа тоа на 35 години може да стане светски шампион“, рече меѓу другото поранешниот фудбалер на Барселона.