Алкараз лесно до 1/4 финалето во Мајами

103

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за помалку од час и половина го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:0 во сетови, со 6:3 и 6:3. и се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Мајами.

Алкараз стигна до победата релативно лесно, брејкувајќи го Мусети во првиот сет веќе во првиот гејм.

Во вториот сет се водеше изедначена борба до осмиот гејм, кој Алкараз го доби на сервис на Мусети, поведе со 5-3 и потоа рутински го приведе мечот кон крајот.

Алкараз во четвртфиналето ќе се сретне со Григор Димитров кој во осминафиналето го совлада Хуберт Хуркач.

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мајами откако го совлада Русинот Карен Качанов со 6:1, 6:4.

ПретходноЧави има понуда од Островот
СледноЕХФ потсети на вечната листа на стрелци, а таму Лазаров е недопирлив!