Капитенот на Шпанија исвиркан на „Бернабеу“: Душата ме боли, се срамам!

137

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте изјави дека душата го боли поради свирежите што дел од публиката на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ му ги упати на Алваро Мората на пријателскиот натпревар против Бразил (3:3).

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој го започна натпреварот против Бразил, имаше лоша ноќ и беше исвиркан од дел од навивачите во текот на натпреварот. Поранешниот играч на Реал Мадрид беше исвиркан и кога беше заменет во 81. минута.

„Душата ме боли кога капитенот на репрезентацијата ќе биде исвиркан во мојата земја. Ја чувствувам болката. Навивачите на Бернабеу беа неверојатни, но како Шпанец се срамам кога ќе биде исвиркан шпански репрезентативец“, изјави предводникот на Шпанија и додаде: 

„Сепак, мнозинството навивачи ја поддржаа Шпанија. Сите мораме да се едуцираме за поддршката на репрезентацијата. Мора да ги оставиме настрана боите на клубовите овде, а тоа е работа на медиумите. Ќе видиме дали ќе решиме ова заедно“, додаде тој.

Пред десет години Мората за 20 милиони евра од Реал замина во Јувентус. Во торинскиот клуб со два гола го исфрли Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите, а во 2016 година се врати во Мадрид за 30 милиони евра. Подоцна замина во Челзи за 66 милиони евра, а потоа потпиша за Атлетико. Во меѓувреме стана омразен од навивачите на Реал.

ПретходноСе почнало минатата есен: Откриена причината за разделбата на Иванишевиќ и Ѓоковиќ?
СледноСамо во Македонија: Место да се поздрави, тој го удира…(ВИДЕО)