Место да мислат на мечот, се забавувале во стриптиз бар – им спремаат казни! (видео)

388

Тројца репрезентативци на Еквадор се најдоа на удар на јавноста во оваа јужноамериканска држава поради тоа што биле во стриптиз бар без дозвола од раководството пред мечот со Италија одигран во Њујорк и кој го загубија со 2:0.
Еоберт Арболеда, Гонсало Плата и Пјеро Хинкапи место да седат во хотелот тие одлучиле да се опуштат во стриптиз бар. Со нив го понедел и малолетниот талентиран фудбалер на Челзи, Кендри Паес (од 2025 година ќе игра за лондончани).
Видеото се појави на социјалните мрежи, а на него се гледа како Арболеда држи купче со пари пред една танчерка.
Локалната фудбалска федерација вети дека ќе изрече казни. Дефанзивецот на бразилскиот Сао Пауло најверојатно нема повторно да биде повикан во националниот тим бидејќи и претходно имал слични испади.
„Од сега па натаму, во моите слободни денови, бидејќи не можам да се забавувам, ќе ја читам Библијата“,. напиша Арболеда по скандалот.

 

ПретходноФото на денот: Седло до Тодоровски – кај најде сега да се повредиш!
СледноШампионот едвај го “скрши“ Вардар, Пелистер се изнамачи со ФМП Академија!