Некогашниот репрезентативец на Македонија, Бесарт Абдурахими е нов член на босанскиот прволигаш Зрињски од Мостар. Соработката меѓу осумкратниот шампион на БиХ и 33-годишниот криелн напаѓач е договорена до 31 јули 2025 година.
Абдурахими е роден во Загреб и ја почнал кариерата во НК Загреб, а играше во Хапоел Тел Авив од Израел, Локерен од Белгија, Астана од Казахстан, Черезо Осака од Јапонија, Шкендија од Македонија, Херманштат од Романија, Браво од Словенија.
Во Зриски доаѓа од кипарски Аполон. Има играно за младите репрезентации на Хрватска, а за А тимот на Македонија има 12 настапи и еден гол.