Во недела Работнички ќе и гостува на Брера Струмица во Турново. Екстра важен меч за тимот на стратегот Гоце Седлоски кој нема да може да смета на својот клучен играч од средниот ред, Димитар Тодоровски.
Репрезентативецот се повреди на средбата со Гибралтар, страдаше коленото, но не е така опасно како што се претпоставуваше во прв момент. Ова гостување кај Брера ќе го прескокне, но затоа на наредната средба со Воска во Охрид ќе биде подготвен.
Диме денеска дојде на тренингот на својот тим во Градски парк, а строгиот Седлоски овојпат се насмевна и го прегрна, секако малку и му “замери“…
„Кај најде сега да се повредиш“…