Чави има понуда од Островот

254

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, би можел да го преземе Челзи ова лето, објавија во вторникот британските медиуми.

На раководството на англискиот клуб му се допаѓа работата на шпанскиот тренер, кој ќе се раздели со Барса по завршувањето на актуелната сезона во Ла Лига.

Но, раководството на каталонскиот гигант не сака да го пушти бидејќи се задоволни од неговата работа на стадионот „Камп Ноу“.

Челзи моментално се наоѓа на 11-тото место во поредокот во Премиер-лигата со 39 бодови. Менаџер на „сините“ моментално е Аргентинецот Маурисио Покетино, кој често е критикуван од медиумите во Англија и навивачите на главниот град.

ПретходноРоналдо не знае да губи, ги помина сите граници (ВИДЕО)
СледноАлкараз лесно до 1/4 финалето во Мајами