Шампионот едвај го “скрши“ Вардар, Пелистер се изнамачи со ФМП Академија!

115

Вечерва се одиграа двете заостанати средби од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига. И кога се мислеше дека МЗТ Скопје без многу мака, повеќе рутински ќе слават против Вардар и ФМП Академија, двете екипи од дното на табелата, не беше така.ж

Иако и МЗТ Скопје и Пелистер победија, сепак и тоа како се изнамачија.

Шампионот долго се мачеше со вардарци, во финишот на третата четвртина гостите имаа и водство, но дури во финишот “металците“ го скршија отпорот и победија со 86:78.

Делалиќ и Ворку кај домашните постигнаа по 16 поени, додека Бајрам кај Вардар со 31 поени беше нерешлива енигма за “металците“.

Одличен настап на составот на Вардар, кој иако беше апсолутен аутсајдер, на овој меч едноставно покажа “заби“ што се вели.

Во Битола домашниот Пелистер со подобра игра во самиот финиш, во последната четвртина успеа да дојде до очекуваната победа над тимот на ФМП Академија, на крај резултатот гласеше 98:89.

Се освен поинаков исход од овој меч, исто како на другата средба, ќе беше рамно на сензација.

Сепак кога беше најпотребно, битолчани знаеја како треба и затоа славеа.

Маслинко кај домашните и Робертс кај гостите одиграа одличен меч постигнувајќи по 31 поени.

ПретходноМесто да мислат на мечот, се забавувале во стриптиз бар – им спремаат казни! (видео)
СледноИталијанецот Мареска ќе им суди на Хајдук и Динамо во Купот!