Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. По речиси пет години ја ракинаа соработката.
Експертот му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во првата недела од Вимблдон 2019 година и со Новак освои бројни трофеи, но и големи предизвици.
View this post on Instagram
Додека беше во стручниот штаб на Новак, српскиот тенисер освои осум Грен слем титули (не сметајќи го Вимблдон 2019 година).
Во текот на својата тренерска кариера, Иванишевиќ претходно соработуваше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ.
На тренингот во вторникот со него беше Ненад Зимоњиќ, а можно е да биде и на некои турнири со Новак, но не се очекува да го замени Иванишевиќ.