Вечерва се одиграа првите мечеви од 1/8 финалето во плеј-офот во Лигата на Шампионите. Кјелце како гостин го совлада убедливи ГОГ и тоа во Данскс со 25:33. Ако се знае дека реваншот се игра во Полска, тогаш јасно е дека треба да се случи чудо за да тимот на Талант Душебаев не успее да ја мине оваа пречка.
Во текот на целиот меч Кјелце беше тој што доминираше, ја искажа сета своја класа и на крајот заслужено се радуваше на убедливата победа.
Алекс Душебаев, некогашниот ракометар на Вардар, блескаше и беше најефикасен со 9 погодици.
Во Загреб домашниот истоимен тим против Монпелје, во голема борба во текот на целиот меч, исто во првиот 1/8 финален меч, одиграа 27:27. Секако дека со овој резултат тимот од Франција е во голема предност ако се знае дека реваншот го игра на свој терен.
Срна кај домашните забележа 6 гола, додека кај гостите најефикасни беа Симонет и Скубе, исто со 6 голови.