По се она што се случуваше на дербито во Третата лига Север меѓу Шкендија Арачиново и Куманово, денеска раководството на кумановски третолигаш излезе со ново соопштение во врска со настаните од овој меч кој се играше на стадионот на Фортуна во скопската населба Сингелиќ или Ченто.
Пред да го прочитате соопштението треба да се види видеото, поточно моментот пред да започне средбата, при поздравување на играчите, како еден домашен фудбалер го удира гостинскиот играч:
Само во Македонија…
Во продолжение еве што се кажува во новото соопштение на ГФК Куманово:
СООПШТЕНИЕ
Еве само едно видео од натпреварот во недела што се одигра на стадионот во Хасанбег.
Онаа што го кажавме еве може македонска јавност да го види,значи оваа се случува пред очите на судиите,кои како имаме информации биле заклучени пред натпреварот во соблекувална и им било претено не знаеме што точно се им кажале.Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок.
Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме.Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот,луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои уредно ги рековме што се случило дека нашиот фудбалер е два пати удрено со тупаница но тие не рекоа да го почнеме натпревар(кога биле под закана што друго да кажат).
Има и коментари дека на преносот што го гледале дека немало ништо опасно,еве јас ке ви пишам најреално имаше најмалку околу 30 намерни старта со отворена нога што не е дозволено во фудбалот.
Да кажам и оваа пред почеток на натпреварот од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ке влезе преку ограда во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме да можат да не заштитат.
За крај да порачаме на Шкендија кажете на кој фудбалски стадион сакате да одиграме натпревар без присуство на публика и редари нека има само полиција да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас.
Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале.
Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија.
ГФК Куманово ветува дека секогаш ке играме фер и коректно,дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме.
СО ПОЧИТ
ГФК КУМАНОВО