Хари Кејн се враќа на “Тотенхем Хотспур Стадионот“ во Лондон!

703

Хари Кејн, најдобриот голгетер на сите времиња на Тотенхем се враќа ова лето во Северен Лондон и ќе заигра на својот омилен, до пред некој месец, стадион на “Тотенхем Хотспур“.

Секакако дека ова не значи дека Кејн се враќа во составот на “спарси“, туку како што објавија од клубот од Северен Лондон, на 10 август се игра пријателската средба меѓу Тотенхем и Баерн Минхен. Пријателска која беше договорена уште кога се правеше трансферот на Англичанецот од Лондон во Минхен.

Ова значи дека Хари Кејн во дресот на “баварците“ ќе игра против својот некогашен тим.

ПретходноЛШ: Кјелце е речиси во 1/4 финале, Загреб и Монпелје одиграа без победник
СледноЛео Меси: Знам кога ќе се пензионирам!