Киеза, сепак, ќе потпише нов договор со Јувентус

102

Федерико Киеза одлучи да го продолжи договорот со „Старата дама“. Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец со „бјанконерите“ истекува на крајот од сезоната 2024/2025, а Јувентус размислуваше за можна продажба на играчот ова лето за да избегне негово заминување како слободен играч следното лето.

26-годишниот офанзивец е меѓу најважните играчи во тимот, но неговите чести повреди ги натераа челниците на клубот да бараат намалување на неговата плата. Според неколку италијански изданија, Киеза се согласил на овој услов и ќе потпише со Јуве на уште една година до летото 2026 година.

ПретходноНовите „газди“ на Евертон веќе имаат купено четири други европски клубови!
СледноПартизан поразен од Олимпијакос, Анадолу со највредната победа сезонава