На турнирот во Мајами ќе има спектакуларно полуфинале и тоа меѓу Данил Медведев и Јаник Синер. Откако Италијанецот по победата над Томаш Махач си обезбеди пласман на овој квалитетен триумф, тоа утринава го стори и Медведев кој немаше некои поголеми проблеми против Николас Јари и успеа да слави со 2:0 во сетови.
Првиот сет Медведев го доби со 6:2 во гемови, за да во вториот наиде на поголем отпор од својот противник и мораше да игра тајбрејк кој го доби со 9:7 за конечни 2:0 во сетови.