На некого очигледно не му доаѓа памет. Имено Дани Алвес веднаш по излегувањето од затвор, барем според “Марка“, вечерта во својот дом во Барселона си направил журка или забава. А поводот бил роденденот на неговиот татко.
Се разбира дека со овој гест некогашниот фудбалер а сега осуден силувач, ја згрози јавноста. Инаку забавата траеала до раните утрински часови а започна подоцна од вообичаеното, се чекало новинарите да си замина од пред неговиот дом.
Да потсетиме дека Дани Алвес е осуден на затворска казна од 4,5 годни поради силување, а ќе биде на слобода, за што е платена кауција од 1 милион евра, се додека не се заврши целата жалбена постапка.