И тоа како е бурно во ПСЖ, во веројатно најбпгатиот клуб во светот. Веќе е јасно дека “светците“ од јуни ќе останат без Килијан Мбапе кој се сели во Мадрид, но како што велат информациите од Париз, клубот останва и без спортскиот директор Луис Кампош.
Тој дојде од Лил пред две години заедно со Кристоф Галтие со една единствена задача, а таа беше што подолго фа го задржи Мбапе во ПСЖ и Кампош успеа во тоа.
Сега време е за заминување, посебно ако се знае дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи веќе нема којзнае каква доверба во него.