Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, кој отслужува десетмесечна суспензија поради нелегално обложување, се најде под нови обвиненија откако Фудбалскиот сојуз на Англија покрена истрага за нови 50 прекршоци за нелегално обложување.
Во периодот од 12 август и 12 октомври 2023 година тој направил 50 обложувања на фудбалски натпревари, што е забрането во Англија.
Тонали мора до петти април да одговори на обвиненијата. Тој моментално е под десетмесечна суспензија и рехабилитација за да се излекува од зависност од обложување.
Дома Меѓународен фудбал Италија ОФИЦИЈАЛНО: ФА покрена истрага за Тонали, го терети за нови 50 прекршоци