Со натпреварот меѓу Работнички и Струмица денеска треба да се комплетира 9-то претпоследно коло во Втората фаза од домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Вчера во првите два одиграни меча во плеј-оф фазата, вредна победа остварија одбојкарите на Универзитет во тетово, кои со максимални 3:0 ја „преслушаа“ Весна Пробиштип и го потврдија своето место во разигрувањето за титулата.
Новиот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УДГ славеше со 3:0 на гостувањето кај Лирија и со тоа останува во битка за второто место на табелата и подобра стартна позиција во разигрувањето.
Во плеј-аут фазата, Сушево го изненади Борец победувајќи со 3:1 на домашен терен, додека Шкендија и Вардар со максимални победи од 3:0 влегуваат во последната рунда.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 9. (претпоследно) коло
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:0 (25:9, 25:12, 25:22)
Лирија – Штип УГД 0:3 (29:31, 18:25, 17:25)
Работнички 71&22 – Струмица 47&72 (денеска, 20.30)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (57); 2. Работнички 71&22 (43); 3. Штип УДГ (41); 4. Универзитет во Тетово (38); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 9. (претпоследно) коло
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:12, 25:18, 25:15)
Сушево – ГОК Борец 3:1 (22:25, 25:21, 25:19, 25:22)
Вардар – Македонија Џио 3:0 (25:15, 25:19, 25:16)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (40); 2. ГОК Борец (32); 3. Сушево (23); 4. Јанта Волеј (15); 5. Вардар (9); 6. Македонија Џио (6).