Јокиќ добар, но недоволно за да се победат Дурент и Феникс, фантастичниот Леброн… (ВИДЕО)

200

Утринава се одиграа повеќе натпревари во НБА лигата. Секако дека најинтересно беше во дербито на Западот каде Феникс со 104:97 успеа да го совлада шампионот, тимот на Денвер. Уште една добра партија на најдобриот играч во светот Никола Јокиќ, кој заврши со 22 поени, 9 скокови и 10 асистении, значи за малку нов трипл-дабл, но тоа беше недоволно за да се победат Дурент и Феникс.

Ветеранот и најдобриот кошаркар на “Санси“ мечот го заврши со 30 поени и 13 скокови.

Леброн Џејмс, мега – ѕвездата на ЛА Лејкерс против Мемфис докажа дека и натаму, и покрај возраста, и тоа како знае да одигра спектакуларна кошарка. Заврши со трипл-дабл, 22 поени, 14 скокови и 12 асистенции, и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:124.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111, Орландо – Голден Стејт 93:101, Вашингтон – Бруклин 119:122, Атланта – Портланд 120:106, Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108, Торонто – Њујорк 101:145, Чикаго – Индијана 125:99, Минесота – Детроит 106:91, Оклахома – Хјустон 126;132, Јута – Сан Антонио 111:118.

ПретходноСензационално: Нејмар се враќа во Барселона?!
СледноМакедонија со пад од едно место на ФИФА листата!