Белгија на Евро 2024 со дресови инспирирани од популарен стрип (ФОТО)

265

Фудбалската репрезентацијата на Белгија ќе игра со специјална опрема на Евро 2024. Таа веќе беше тестирана на пријателскиот натпревар со Англија (2:2). Дресовите се со сина боја со дијамантски дезен и бела јака. Кафените шорцеви и белите чорапи го комплетираат изгледот.

Формата е инспирирана од легендарниот стрип „Авантурите на Тинтин“. Серијата „Авантурите на Тинтин“ е најпопуларниот стрип на 20 век, преведен на многу јазици.

ПретходноПартизан поразен од Олимпијакос, Анадолу со највредната победа сезонава
СледноАлкараз елиминиран во четвртфиналето на Мајами