Веспрем на чекор до четвртфиналето на ЛШ

78

Ракометарите на Телеком Веспрем остварија убедлива победа на гостувањето кај ПИК Сегед до 30:37 и со една нога веќе четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар од осминафиналната фаза Веспрем доминираше против лутиот ривал.

Дескаt и Ваилупау со по седум гола беа најпрецизни кај екипата на Веспрем, додека во поразот на ПИК Сегед прв стрелец беше Фримел со 6 гола.

Реваншот во Веспрем се игра за седум дена, а победникот од овој двомеч во четвртфиналето го чека двомеч со дански Алборг.

ПретходноКукоч и Раѓа дојдоа во Белград и добија голем аплауз од навивачите на Партизан (ВИДЕО)
СледноБаерн почнал преговори со Рангник за нов тренер на тимот