Зарем е можно? Родри цела година не знае за пораз кога игра за Сити или Шпанија!

177

На денешен ден, 28 март 2023 година, Родри за последен пат ја почувстувал горчината на поразот и тоа како капитен на селекцијата на Шпанија на дуелот со Шкотска. Од тогаш па до денеска, значи точно една година, ѕвездата на Сити нема пораз кога имал минутажа во репрезентацијата на својата земја и во дресот на “граѓаните“.

Секако дека се поставува прашањето, дали е ова можно?

Да, Шпанија неодамна беше поразена од Колумбија, но Родри не бепе во тимот.

Да, некој ќе каже дека Сити беше поразен во меч од Комјунити Шилдс на пенали од Арсенал, но по 120 минути оваа средба заврши нерешено, значи фактички Родри и овој меч не го загубил.

Нема што, нестварно е што значи овој играч за врска за Шпанија и Манчестер Сити.

ПретходноНовак почна да тренира со новиот тренер!
СледноОд денеска започнува пријавувањето за јубилејното 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон