Инзаги потпишува нов двегодишен договор со Интер

154

Интер и Симоне Инзаги ќе ја продолжат соработката уште пред завршувањето на оваа сезона. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, управата на Интер ќе го задржи тренерот со договор до јуни 2025 година.
Инзаги два пати претходно продолжуваше со Интер, во 2022 и 2023 година, но тогаш клубот два пати му понуди едногодишен договор. Сега на 47-годишниот стратег ќе му биде понуден двегодишен договор и тоа уште пред да заврши сезоната со што раководството ќе може спокојно да работи на засилувањата и стратегијата на клубот за новата сезона.
Интер е на чекор до освојување на титулата во Серија А затоа што по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Милан.

ПретходноСкандалозно: „Не би можела да бидам со човек кој малку заработува, 10.000 евра месечно за мене се доволно“! (ФОТО)
СледноРистовски: Не сакам да бидам арогантен, но титулата ќе заврши на „Максимир“