Легендите на екс-југословенската кошарка, Тони Кукоч и Дино Раѓа вечерва се појавија во Белград на натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос во рамките на Евролигата.
Влегувањето на Кукоч на местото кај теренот траеше долго бидејќи многу заинтересирани го заприраа низ ходниците на белградската арена за да се сликаат со него, а кога конечно влезе доби аплауз од навивачите на Партизан.
Така беше и со влегувањето на Дино Раѓа. За Кукоч доаѓањето во Белград е можност да ги види пријателите и поранешните соиграчи од репрезентацијата Жељко Обрадовиќ (64) и Зоран Савиќ (57), актуелниот тренер и спортски директор на Партизан.
Тројцата ја делеа соблекувалната кога Југославија го освои златниот медал на Светското првенство во Аргентина во 1990 година.
Toni Kukoc and Dino Radja enjoying the atmosphere 🤩 pic.twitter.com/5jfLzO56KH
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 28, 2024