Кукоч и Раѓа дојдоа во Белград и добија голем аплауз од навивачите на Партизан (ВИДЕО)

4827

Легендите на екс-југословенската кошарка, Тони Кукоч и Дино Раѓа вечерва се појавија во Белград на натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос во рамките на Евролигата.

Влегувањето на Кукоч на местото кај теренот траеше долго бидејќи многу заинтересирани го заприраа низ ходниците на белградската арена за да се сликаат со него, а кога конечно влезе доби аплауз од навивачите на Партизан.

Така беше и со влегувањето на Дино Раѓа. За Кукоч доаѓањето во Белград е можност да ги види пријателите и поранешните соиграчи од репрезентацијата Жељко Обрадовиќ (64) и Зоран Савиќ (57), актуелниот тренер и спортски директор на Партизан.

Тројцата ја делеа соблекувалната кога Југославија го освои златниот медал на Светското првенство во Аргентина во 1990 година.

ПретходноНајдобриот босански судија добил смртни закани, не сака да им суди на Сараево и Железничар
СледноВеспрем на чекор до четвртфиналето на ЛШ