Новите „газди“ на Евертон веќе имаат купено четири други европски клубови!

1389

Евертон ќе добие позајмица од идниот сопственик на клубот, компанијата 777 Partners која по Џенова, Херта, Стандард Лиеж и Васко де Гама си купи клуб и во Англија.

Претходно, Премиер лигата  ја одобри продажбата на Евертон на американската инвестициска компанија. Потенцијалните сопственици на Евертон на крајот на март ќе му обезбедат на клубот уште една позајмица за покривање на трошоците за плати и изградба на нов стадион.

Позајмицата ќе биде обезбедена во пресрет на одлуката за купување на клубот која ќе биде донесена по католички Велигден. Извори блиски до американската компанија тврдат дека е „многу веројатно“ клубот да добие уште една транша од финансирањето.

Иако големината на заемот е непозната, таа ќе ја приближи вкупната инвестиција во клубот до 200 милиони фунти, пари кои ќе бидат претворени во капитал доколку се одобри преземањето.

ПретходноБаерн почнал преговори со Рангник за нов тренер на тимот
СледноКиеза, сепак, ќе потпише нов договор со Јувентус