Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор често е навредуван на терените во Шпанија, а поради тоа влегува и во расправија со навивачите. Нема меч, а да не гестикулира кон трибините, да им се дере, а неодамна пред мечот меѓу Шпанија и Бразил се расплака на пресконференцијата кога зборуваше за неговата борба со расизмот.
Искусниот фудбалер на Виљареал, Дани Парехо смета дека бразилскиот фудбалер мора да го надмине овој проблем со тоа што ќе престане да се расправа со навивачите.
„Винисиус е спектакуларен играч и мислам дека треба да се посвети на играта“, изјави Парехо посочувајќи дека доколку Виниус постојано реагира на таков начин, тој постојано ќе биде на удар на противничките навивачи.
„Кога играте за Реал секогаш постои посебна атмосфера, луѓето постојано ќе пробуваат да ве „пецнат“ на некој начин… Со години играм на разни терени, ме нарекуваа пијаница и што уште не, но не се расправав со луѓето, ниту сум гестикулирал кон нив. Тоа не е потребно“, истакна играчот на Виљареал.
💥Parejo critica la actitud de Vinicius: “A mí me llaman borracho y no me encaro con la gente” 🤦♂️ https://t.co/RPiSLmAgje
— MARCA (@marca) March 28, 2024