Партизан поразен од Олимпијакос, Анадолу со највредната победа сезонава

257

Кошаркарите на Партизан загубија од Олимпијакос на домашен терен со 69:74 во натпреварот од 32. коло на Евролигата.

Партизан не успеа да ја исполни целта, иако во поголемиот дел од натпреварот имаше одличен настап. Недостасуваше континуитет и победата замина за Атина.

Најџел Вилијамс-Гос постигна 17 поени, а имаше дури пет украдени топки и две тројки кои веројатно го решија натпреварот. Костас Папаниколау постигна 13. Кај Партизан, Кевин Пантер постигна 19 поени, а Франк Камински постигна 14.

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја остварија веројатно највредната победа од стартот на Евролигата. Тие како гости во Виторија ја совладаа Басконија со 97:76. Екипата на Ефес до победата ја предводеше фантастичниот Шејн Ларкин со 28 поени, додека Вил Клејберн постигна 20.

Кошаркарите на Барселона го совладаа Баерн во Минхен со 87:79. Така, Баварците останаа на само 13 победи и практично немаат шанси за пласман во баражот, додека Барса го забележа 21. триумф и ќе преноќи на втората позиција.

Најдобар кај Каталонците беше Џабари Паркер со 15 поени.

Кошаркарите на Жалгирис, пак, го совладаа Армани со 87:73.

ПретходноКиеза, сепак, ќе потпише нов договор со Јувентус
СледноБелгија на Евро 2024 со дресови инспирирани од популарен стрип (ФОТО)