Рајковиќ и ЦСКА претрпеа и втор пораз едноподруго

62

Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва пртрпеа уште еден пораз во тековната сезона од ВТБ Лигата. Вечерва на домашен терен, ЦСКА е поразена од екипата на Зенит со 91:92 во меч во кој госите имаа доминација во текот на сите 40 минути.

Во еден период од мечот Зенит водеше и со 21 поен разлика, но до крајот ЦСКА успеа да ја намали негативата. Ова беше втор последователен пораз на тимот на Рајковиќ, трет во последните 5 настапи.

ЦСКА останува втора на табелата зад Уникс Казан на Нено Димитријевиќ.

ПретходноДенеска ФК Љуботен го прославува 105-тиот роденден!
СледноНајдобриот босански судија добил смртни закани, не сака да им суди на Сараево и Железничар