Динамо Загреб во моментов е третопласиран во ХНЛ, но се уште има шанси за шампионска титула. Викендов „модрите“ ќе играат против Хајдук и тоа во Сплит.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е оптимист. Тој е убеден дека титулата ќе заврши на „Максимир“.
„Уведен сум дека успешно ќе ја извлечеме сезоната!
Секако дека ќе биде така. Не сум арогантен и препотентен, знам што зборувам и каков квалитет има нашата соблекувална. Респект секому, ама титулата пак ќе се слави на „Максимир““, изјави Ристовски.
Во моментов водечка во ХНЛ е Ријека со 59 бода, Хајдук е втор со 55, додека Динамо има 54, но и натпревар помалку.