Сите сакаат да го гледаат Партизан: Кукоч и Раџа вечерва специјални гости во “Штарк Арената“ во Белград!

616

Вечерва во меч од 32.коло во Евролигата, Партизан пред своите фанови во „Штарк Арената“ во Белград, од 20:30 часот го дочекува Олимпијакос. Ова за четата на стратегот Жељко Обрадовиќ е еден од најважните мечеви во сезоната, само со победа може да се надева на влез во плеј-ин во Евролигата.

Токму затоа тимот од Атина го чека пекол. Инаку кога Партизан игра дома тоа е нешто посебно, сите сакаат да ја почувствуваат таа атмосфера, која е нешто посебно.

Никој, ама баш никој клуб во Европа не може да се мери со тоа што го има Партизан во својата публика.

А вечерва ќе биде уште поинтересно ако се знае дека во “Штарк Арената“ како специјални гости ќе бидат легендарните Тони Кукоч и Дино Раџа, секако едни од најдобрите кошаркари во Европа на сите времиња. Тие двајцата на Југопластика и донесоа три титули по ред во тогашниот Куп на Шампионите, со репрезентацијата на Југославија и Хрватска освоија се што можеше да се освои, а имаа и успешна НБА кариера во Чикаго и Бостон.

ПретходноПеп со проблеми пред големото дерби со Арсенал!
СледноПотег со кој ја згрози јавноста: Дани Алвес по излегувањето од затвор, вечерта си направил забава!