Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на меѓународен турнир „Истра Куп 2024″

600

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска.

Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.

Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора.

Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2. април со почеток во 18. часот.

Во второто коло кое е на програмата на 3. април играме со домаќинот Хрватска, во 18. часот.

На 5. април, со почеток во 13. часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман).

ПретходноПознати полуфиналните двојки во младинските категории
СледноСкандалозно: „Не би можела да бидам со човек кој малку заработува, 10.000 евра месечно за мене се доволно“! (ФОТО)