Шампионот спремен го чека својот некогашен стратег: Редно е и Захариевски да биде поразен како тренер на Воска!

494

Во недела во Струга, во меч од 25.коло, се игра “Езерското дерби“ меѓу Струга Трим Лум и Воска Спорт. На прв поглед вообичаен меч, типичен пренствен од нашата ПМФЛ. Шампионот игра дома и ако одигра како што треба, тогаш јасно е каде ќе одат бодовите.

Сепак, не е баш така. Во недела на Градскиот стадион во Струга како гостин доаѓа Срѓан Захриевски, кој до пред една година беше тренер во Струга ТЛ. Тренер кој со стружани имаше успешни три години, играше и во Европа. Секако дека тој ќе си има свои мотиви, а дека добро му оди со Воска говори податокот дека досега, откако е стратег на прволигашот од Охрид, засега нема пораз. Пет средби, четири ремија (Силекс, Гостивар, Шкендија и Шкупи) и една победа и тоа на гости со Македонија ЃП.

Се гледа дека Воска направи добар потег што го ангажира некогашниот репрезентативец на Македонија, некогашен тренер на Металург, Пелистер и Струга ТЛ и затоа сега на шампионот нема да му биде лесно.

Сепак, се знае каде е квалитетот, се знае кој е шампион, ако се биде како што треба тогаш токму “неговата“ Струга ТЛ ќе му го нанесе првиот пораз на Захариевски како тренер на Воска.

Секако дека стратегот Шшетим Дуро и играчите на Струга ТЛ се максимално спремни за тоа што ги чека против тимот од Охрид.

ПретходноПотег со кој ја згрози јавноста: Дани Алвес по излегувањето од затвор, вечерта си направил забава!
СледноПума го претстави дресот на Србија за ЕУРО 2024! (ФОТО + ВИДЕО)