Ако ПСЖ го сака Леао треба да плати цело богатство

480

Евентуалниот трансфер на Рафаел Леао во ПСЖ би чинел 175 милиони евра. Фудбалерот кој се споменува како замена за Мбапе во парискиот состав, може да оди во Франција, но за тоа францускиот првак ќе мора да плати голема сума на пари.

Ова е сумата што се појавува во договорот на Леао како откупна клаузула и голема е веројатноста дека Милан нема да биде подготвен да влезе во преговори за својата ѕвезда, принудувајќи ги заинтересираните за Леао да ја платат клаузула за да го доведат.

Португалецот во досегашниот дел од сезоната има 10 гола и 11 асистенции на 36 натпревари во сите конкуренции, а покрај него следното лето Милан ќе се обиде да задржи уште две ѕвезди Тео Ернандез и Мајк Мањан.

ПретходноБрат за брат, сирење за пари: Ти Џеј го тужи својот брат Тони Паркер за неисплатени плати!
СледноНаполи е близу до потпишување нов договор со Квича